Top Sport

Баерн Минхен го пронајде наследникот на Левандовски

Роберт Левандовски летово го напушти Баерн, а германскиот шампион како негова замена го доведе младиот 17-годишен напаѓач на Рен, Матис Тел, но веднаш беше јасно дека тој се уште не е подготвен да биде стартер во толку голем тим.

Тел досега одигра осум натпревари за Баварците и постигна по еден гол во Бундеслигата и во Купот на Германија, но тренерот Нагелсман главно играше без класичен напаѓач. Тоа треба да се промени наскоро. Цел на Баерн Минхен е поискусниот напаѓач, сонародникот на Тел, Французинот Маркус Тирам, пренесува угледниот „Л’Екип“.

Маркус Тирам игра одлично во Борусија Менхенгладбах, каде што пристигна во 2019 година од Генганп.

Оваа сезона, 25-годишниот фудбалер веќе постигна 11 гола на 13 натпревари во сите натпреварувања и според многумина е еден од најдобрите напаѓачи во Бундеслигата.

Договорот на Тирам истекува следното лето, што значи дека клубот нема многу простор за маневрирање и ќе мора да го продаде оваа зима доколку сака да заработи од него.

Вредноста на одличниот стрелец се проценува на 20.000.000 евра, тие пари сигурно ги има Баерн и се укажува дека шансите на Тирам да дојде на „Алијанц Арена“ се големи.

Scroll to Top