Top Sport

ПСЖ се насмеале на понудата за Нејмар – Лапорта сакал да го врати за 80 милиони евра

Барселона, во предониот рок во кој остана без најдобриот играч во историјата на клубот, на ПСЖ им понудила 80 милиони евра за Нејмар. Ова на шпанските медиуми им го открил претседателот на клубот, Џоан Лапорта.

Понудата била испратена на почетокот на летниот преоден рок, кога никој не можеше да претпостави со какви проблеми ќе се соочи клубот и дека Лионел Меси ќе замине од „Камп Ноу“, во ПСЖ.

Намерата на Лапорта била повторно да го формира тандемот Меси-Нејмар.

Лапорта, открил дека неколку по победата на претседателските избори, се слушнал со Најмер и од Бразилецот добил уверување дека сака да се врати на „Ноу Камп“.

Тој испратил понуда од 80 милиони евра, на која во Париз само се насмеале. ПСЖ, пред четири години Нејмар го платија 222 милиони евра.

Scroll to Top