Top Sport

Влаховиќ го доби најголемиот договор во историјата на Фиорентина

Најдобриот стрелец на Фиорентина, Душан Влаховиќ, ќе го продолжи договорот со клубот од „Артемио Франки“. За да го задржи, претседателот на „виолетовите“, Роко Комисо, му го понудил најголемиот договор во клупската историја.

Фиорентина, во летниот преоден рок, успеа да ги одбие нападите на Атлетико Мадрид и Тотенхем, кои сериозно беа заинтересирано за Влаховиќ. Атлетико понуди најмногу пари, 70 милиони евра, но не успеа да го омекне ставот на Комисо, кој за напаѓачот бара 80 милиони евра.

Толкава ќе биде клаузулата во новиот договор на Влаховиќ, чија плата ќе биде зголемена за речиси шест пати.

Србинот досега заработувал 800.000 евра годишно, а сега фиксно ќе добива четири милиони евра, плус тука се бонусите кои ќе се поврзани со бројот на одиграни натпревари и постигнати голови.

Фиорентина на овој начин го урна клупскиот рекорд, кој го држеше Франк Рибери. Поранешниот играч на Баерн, имаше плата од четири милиони евра.

Влаховиќ, минатата сезона, во Серија А постигна 21 гол.

Scroll to Top