Top Sport

Легендата на Челси и Арсенал, Ешли Кол потврди дека се пензионира

Поранешниот лев бег на Арсенал и на Челси, Ешли Кол потврди дека се повлекува од фудбалот, ставајќи крај на својата 20-годишна кариера на 38 години.

Откако ја помина младинската школа во Арсенал, тој направи контроверзен трансфер во Челси во 2006 година, пред да игра за Рома, Лос Анџелес галакси и Дерби каунти до крајот на минатата сезона под водство на својот поранешен соиграч, Френк Лампард. Тој сега ќе се фокусира на добивањето на тренерската лиценца.

„По долго размислување, ми стана јасно дека морам да се повлечам. Сега е време за следното поглавје во мојот живот и се надевам дека ќе станам тренер“, изјави Кол.

Во својата кариера, поранешниот англиски репрезентативец имаше 697 настапи за клубови, освои 13 трофеи (од кои три титули од Премиер лигата и еден од Лигата на шампионите). За националниот дрес тој одигра 107 настапи, со што е шести на вечната листа.

Scroll to Top