Top Sport

ПСЖ со камбек до одмазда против Лил

Најавената голема одмазда на Пари Сен-Жермен над Лил, клубот кој минатата сезона шокантно им ја „одзеде“ француската титула тешко се оствари на „Паркот на принцовите“, откако им беше потребен камбек за 2:1 победа.

Лил по минатогодишната сензационална титула имаше лош старт на сезоната, но полека се вратија во форма, и на „Паркот на принцовите“ дојдоа во водство со одлична акција со контранапад во 31. минута преку Канаѓанецот Џонатан Дејвид.

Лионел Меси одигра едно полувреме, пред да биде заменет со Мауро Икарди и по првите 45 минути во кои гостите беа убедливо подобри, ПСЖ притисна за израмнување. Тоа се случи во 74. минута, кога Анхел ди Марија одигра одлично за да го најде капитенот Маркињос кој ја смести топката во мрежата. Во 85. минута, Ди Марија во одлична акција со Нејмар ја смести топката зад грбот на Грбиќ, за победа.

ПСЖ останува лидер во лигата со 31 поени, дури десет пред Ленс, додека Лил се на 11. место со само 15 освоени поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top