Top Sport

Денвер на Јокиќ го „збриша“ Далас на Дончиќ!

Во дуелот на двете балкански НБА ѕвезди, Денвер нагетс предводен од Никола Јокиќ стигна до фантастична 106:75 победа над Далас маверикс предводен од Лука Дончиќ.

За победниците, Вил Бартон уфрли 17 поени, а имаше и 6 асистенции и 5 скока, додека Јокиќ во 25 минути на теренот стигна до 11 поени, 8 асистенци ии 16 скока. Нагетси имаа предност во текот на целото прво полувреме, пред третата четвртина да ја добијат со 33:12 и да ја обезбедат победата.

Кај Далас, повторно најдобар беше Лука Дончиќ, кој заврши со 16 поени, 6 скока и 4 асистенции

НБА РЕЗУЛТАТИ

Торонто – Орланд 110:109

Бруклин – Индијана 105:98

Мајами – Шарлот 114:99

Њу Орлеанс – Сакраменто 109:113

Денвер – Далас 106:75

Портланд – ЛА клиперс 111:92

ЛА Лејкерс – Кливленд 113:101

Scroll to Top