Top Sport

ПСЖ со понуда која Кулибали нема да ја одбие

Фудбалерот на Наполи Калиду Кулибали летово ќе замине од „Сан Паоло“. Неколку врвни клубови сакаат да го видат во своите редови, а како стојат работите најголеми шанси за неговиот потпис има Пари Сен Жермен.

„Светците“ на Кулибали му понудиле пет годишен договор „тежок“ 50 милиони евра. Не се наведува колку пари ПСЖ се подготвени да платат за неговиот трансфер.

28 годишниот репрезентативец на Сенегал во тимот на ПСЖ треба да го замени ветеранот Тијаго Силва кој ќе замине од Париз.

Покрај ПСЖ со Кулибали се поврзуваат Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Scroll to Top