Пари Сен Жермен извлече победа од 4:3 против Лил, но го загуби Бразилецот Нејмар, можеби и на подолг период. Тој заработи сериозна повреда на скочниот зглоб и беше изнесен на носилки, откако лошо стапна во 50.минута.
Тој речиси сигурно ќе го пропушти реванш натпреварот против Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Подетална проценка за повредата ќе има во текот на утрешниот ден, кога Нејмар ќе ги мине деталните лекарски прегледи.