ПСЖ во Австрија го најдоа фудбалерот кој треба да го замени Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец одбива да го продолжи договорот, доколку тоа не го направи до крајот на годината, од 1.јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови.
Ако замине Мбапе, што е реална опција, ПСЖ ќе се обиде да го донесе играчот на Салцбург, Карим Адејеми. 19-годишникот сезонава има постигнато 14 гола на 18 натпревари.