Top Sport

Пујол е забранет на иранската ТВ поради долгата коса

Поранешниот шпански дефанзивец и освојувач на светска титула, Карлес Пујол тврди дека му било забрането да се појавува на иранската ТВ како коментатор поради својата долга коса.

Ексодбранбениот играч на Барселона, Пујол остана препознатлив по своите фудбалски квалитети, но и по долгата „виткана“ коса, која сега го спречи да биде посебен коментатор пред мечот Шпанија-Иран.

Пујол тврди дека пристигнал во Иран пред закажаното интервју, пред да му каже дека не му е дозволено поради косата, тврди иранскиот веб-сајт „Ентекхаб“. Иранците пак, тврдат дека не се работи за таква забрана, туку дека имало несогласување околу сумата која ќе ја добиел Шпанецот.

„Нема потреба странец да добие неколку стотина милиони ирански риали за неколку минути работа на спортски програм“, вели официјалниот претставник на телевизијата, Мортеза Мирбагери.

Шпанија победи со 1:0 во мечот во Казан.

Фото: ЕПА

Scroll to Top