Top Sport

Пукна љубовта помеѓу Икарди и Ванда Нара

Пукна љубовта помеѓу Ванда Нара и напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди. Доцна синоќа, сопругата на Икарди, на Инстаграм објави порака, која многумина ја протолкуваа како крај на нивниот десет годишен брак.

„Уште едно семејство уништи поради к.р.а“. Веднаш потоа Ванда Нара ги избришала и сите заеднички фотографии.

„Калчомеркато“, тврди дека причина за караницата била актерката Еухенија Суарез, инаку пријателка на Ванда.

Ванда Нара и Мауро Икарди и пред десет години предизвикаа големо внимание во жолтиот печат. Икарди му ја „грабна“ Ванда на својот најдобра пријател Макси Лопез.

Scroll to Top