Top Sport

Пукна „петарда“ во мрежата на Борусија (Видео)

Баерн Минхен се вратија на челната позиција во Бундес лигата, откако во дербито ја победија Борусија Дортмунд со 5:0 (4:0).

Борусија во Минхен допатува како лидер, а во Дортмунд се враќа со полна мрежа. Баварците во првото полувреме демонстрираа сила, кога го растурија противникот. Во 43 минута Баерн имаше предност од 4:0.

Серијата на голови ја отвори поранешниот играч на Борусија, Хумелс во десеттата минута. Седум минути подоцна, гол постигна уште еден поранешен играч на тимот од Дортмунд. Левандовски го постигна 200 гол во Бундес лигата.

Во финишот на полувремето блиц-криг на Баерн, Чави Мартинзе постигна гол во 41, а Гнабри во 43 минута.

Конечниот резултат го постави Левандовски со својот втор гол на натпреварот во 89 минута.

Борусија во текот на целиот меч имаше само една шанса, преку Дауд во седмата минута гостите го погодија дирекот.

На шест кола до крајот на сезоната во Бундес лигата Баерн има 64 бода, еден повеќе од Борусија.

Scroll to Top