Top Sport

Пулените на Мурињо не дадоа гол, а земаа 3 бода – Лорис и Сон во фокусот

Екипата на Тотенхем минимално славеше со 1-0 против Евертон во последниот натпревар од 33. коло во Премиерлигата.

Пулените на менаџерот Жозе Мурињо одиграа просечен меч, а единствениот гол со кој Спарси стигнаа до трите бода беше автогол на противничкиот играч Мајкл Кин, во 24 минута од мечот.

Во фокусот на овој меч останува караницата и обидот за физичка пресметка меѓу голманот и капитен на Тотенхем, Уго Лорис и напаѓачот, Сон Мин. Сепак, беше избегната тепачка.

Во вториот дел „карамелите“ на Карло Анчелоти се обидоа да го свртат резултатот, но не успеаја.

Во Премиерлигата треба да се одиграат уште пет кола, а Тотенхем се уште има шанси за место кое води во фудбалска Европа.

Scroll to Top