Top Sport

Пулишиќ херој на Милан, Салернитана победи во Верона

Вечерва се одиграа уште два натпревари од 18. коло во Серија А. Милан на „Сан Сиро“ го совлада Сасуоло со 1:0, додека Салернитана со истиот резултат победи во Верона.

Милан ја имаше иницијативата во првото полувреме, но само еден од 11-те удари во тој дел беше кон противничкиот гол. Вториот дел од натпреварот беше многу порамноправен, до самиот финиш.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 59. минута, кога Кристијан Пулишиќ го совлада Консили.

Во финишот играчите на Милан грчевито се бранеа и успеаја да ја одбранат победата. Ова е петти пораз по ред за Сасуоло, поточно тимот ги загуби сите натпревари во декември.

Салернитана победи во Верона со голот на Чауна. Тимот од Салерно ја забележа втората победа во Серија А и се врати во трката во борбата за опстанок.

Scroll to Top