Top Sport

(Видео) „Шумарите“ го победија Манчестер јунајтед

Нотингем форест на Боксинг деј го победија Њукасл, а ден пред Нова година го победија и Манчестер јунајтед.

Во последниот натпревар одигран во саботата во Премиер лигата, „Шумарите“ славеа со 2:1. Ова е прва победа на Нотингем форест над Јунајтед на домашен терен од 1992 година. Инаку последен пат пред овој меч, „шумарите“ славеле над Јунајтед на „Олд Трафорд“ во 1994 година.

Вториот дел, кога беа постигнато головите беше далеку поинтересен од првиот, во кој двата тима ги одработуваа тактичките замисли на менаџерите.

Диого Дало во 56. минута одлично шутираше од работ на шеснаесетникот, но беше непрецизен.

Казната стигна 12 минути подцна кога одличната тимска акција со гол ја заврши Николас Домингез.

Следеше голем притисок на Јунајтед и подарок од голманот на Форест Тарнер. Грешката ја казни Маркус Рашфорд во 77.минута.

Неполни четири минути по голот на Рашфорд нов шок за Јунајтед. Поранешниот играч на Јунајтед Антони Еланга брилијантно го пронајде Морган Гибс-Вајт кој од работ на шеснаесетникот ја закова топката во голот за 2:1.

По деветтиот пораз во сезоната, Јунајтед останува на седмото место на табелата со 31 бод. Нотингем сега е 15-ти со 20 бодови.

Scroll to Top