Top Sport

Пулишиќ инсистира: Не ме удрија по мадиња!

Американската фудбалска ѕвезда, Кристијан Пулишиќ инсистира дека не добил удар по тестисите при постигнувањето на одлучувачкиот гол за 1:0 победа над Иран со кој Американците успеаја да влезат во осминафиналето.

Пулишиќ се судри со иранскиот голман Алиреза Беиранјанд при постигнувањето на голот, по што заврши во болница, каде што му беше дијагностицирана „контузија нa карлицата“ и вели дека се надева дека ќе игра против Холандија.

„Видете, не добив удар по јајца! Добив колено во… Убава област на карлицата… Не беше убааво. Очигледно, прилично болно. Ќе се сретнам со медицинскиот тим и ќе направиме одлука дали ќе играм. Одам ден по ден, но сакам да бидам на теренот во сабота“, вели Пулишиќ.

Scroll to Top