Мексиканскиот УНАМ Пумас му го раскина договорот на бразилскиот ветеран, Дани Алвеш по неговото апсење за сексуален напад во петокот. 39-годишниот Алвеш беше уапсен и не му беше дозволен излез од притвор со кауција откако една жена го пријави дека сексуално ја нападнал во ноќен клуб во Барселона на 30 декември.
Неговиот договор со Пумас траеше до јули 2023 година, но претседателот на клубот, Леополдо Силва преку кратко соопштение објави дека Бразилецот веќе не е дел од клубот. Бразилецот се приклучи на мексиканскиот клуб минатиот јули кога му заврши краткорочниот договор со Барселона и имаше 13 настапи за клубот, од кој последниот на 8 јануари.