Top Sport

Путин до новинарката: Го гледавте ли видеото на Ѕјуба?

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека капитенот на руската репрезентација, Артем Ѕјуба не треба да биде осудуван за работите во приватниот живот, откако во ноември се појави видео во кое тој мастурбира, но посочи дека се надева дека тој научил „добра лекција“.

Зборувајќи на својата традиционална прес-конференција пред крајот на календарската година, Путин беше запрашан за видеото на напаѓачот на Зенит.

„Одговорот најверојатно е очигледен – не треба да се гледа на приватниот живот на спортистите. Нека си ги реши личните работи сам и во нормално општество не е вредно да се мешате во личните работи на луѓето. Сепак, тој е јавна личност, така што е неизбежно такви работи да привлекуваат внимание. За него, и за другите јавни луѓе ова е добра лекција – внимавајте што правите. Но, дали ова треба да влијае на неговата професионална работа? Секако, не“, изјави Путин.

Тој потоа ја праша новинарката која му го постави прашањето дали го видела видеото.

„Го гледав, но не до крај“, одговори таа со смеа. „Јас не го гледав“, одговори со насмевка Путин.

Рускиот капитен Ѕјуба во бизарно видео со мастурбирање

Scroll to Top