Top Sport

Рабио бил подготвен да го напушти Јувентус

Фудбалскиот клуб Јувентус се наоѓа во големи проблеми. Клубот е под истрага поради финансика измама, поради што сите членови на Управениот одбор на чело со претседателот Андреа Ањели поднесоа оставки.

На клубот му престои неизвесна и тешка иднина, Доколку се докаже вината, се предвидува жестока казна и веројатно исфрлање во Серија Б.

Поради се она што се случува во клубот, неколку играчи веќе меѓу редови ја известија јавноста во Италија дека во јануари ќе го напуштат Јувентус.

Еден од нив е Адриен Рабио кој блеска на Светското првенство во дресот на Франција.

Неговиот договор со „старата дама“ истекува на крајот од сезоната, а Челзи и Арсенал ја чекаат таа можност да го добијат бесплатно. Клубовите од Лондон добија конкуренција во Њукасл. Според медиумите, Њукасл се подготвени во зимскиот преоден рок да издвојат одредена сума за да го донесат Рабио на „Сент Џејмс парк“.

Scroll to Top