Адриен Рабио вели дека на трибините „не се случило ништо“ помеѓу неговата мајка и семејствата на Килијан Мбапе и Пол Погба по наводниот конфликт за време на ЕУРО 2020.
Вероник Рабио, која исто така е агент на фудбалерот на Јувентус, беше забележана како зборува со семејствата на Мбапе и Погба на трибините по поразот во четврт-финалето од Швајцарија за хаотичен крај на првенството за „триколорите“.
Француските медиуми тврдеа дека таа му кажала на таткото на Мбапе (кој го утна клучниот пенал во серијата) дека неговиот син е премногу арогантен, а го обвинила семејството на Погба за неговата грешка која предизвика гол на Швајцарците. Покрај тоа, Погба и Рабио се расправаа на теренот, но фудбалерот вели дека не било ништо „големо“.
„На трибините не се случи ништо и беше изненадувачки да се чуе тоа. Зборував со мојата мајк и и верувам. Кога таа вели дека ништо не се случило, тогаш тоа е вистината. Можеше да се забележи иритација во видеата, но секогаш се случува тоа по порази. Не сум зборувал со Мбапе и Погба за тоа, бидејќи нема за што да се зборува“, вели Рабио.
Караници на трибините – мајката на Рабио „удрила“ по Погба и Мбапе