Адријен Рабио како слободен играч од ПСЖ ќе се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед, каде ќе го замени сонародникот Пол Погба, пренесуваат англиските медуми.
Рабио од декември минатата година нема одиграно ниту еден натпревар. На овој начин клубот го казни бидејќи тој одби да потпише нов договор. Од друга страна Погба се наоѓа пред трансфер во Реал Мадрид.
Манчестср Јунајтед во 2016 година платија 105 милиони евра за Погба, но тој не успеа да се наметне како лидер во тимот и не успеа со помош на соиграчите да го врати клубот на победничките патеки.