Адриен Рабио (23), талентираниот играч на Пари Сен Жермен, го договорил трансферот во Барселона, тврди „Парисиен“. Нејасно е само дали тој ќе го напушти клубот во јануари, за одредено обесштетување или во јуни кога ќе биде слободен играч.
Пари Сен Жермен, минатата недела, објави дека повеќе нема да преговара со Рабио околу неговиот нов договор и дека тренерот Томас Тухел повеќе нема да ги користи неговите услуги.
Наводно, мајката на фудбалерот, која е и негов менаџер, Вероник Рабио, побарала нејзиниот син да има неделна плата од 350.000 евра, колку што заработува и Килијан Мбапе.
Поради тоа Рабио добил „одврзани раце“ да си избере клуб. На крајот тој ќе заврши во Барселона, каде за место во тимот ќе има жестока конкуренција во Серхи Бускетс.
Adrien Rabiot has reportedly reached an agreement to join Barcelona, according to @le_Parisien ?? pic.twitter.com/3QAjBUNrr3
— B/R Football (@brfootball) December 18, 2018