Top Sport

Работнички потпиша договор со уште еден голем талент

Големиот талент Фета Фетаи потпиша професионален четиригодишен договор со Работнички. Тој е уште еден од плејадата талентирани фудбалери кои потекнуваат од школата на клубот и добиваат свое место во сениорскиот тим, информира Работнички на својот официјален сајт.

„Фетаи од почетокот на сезоната е прекомандуван во сениорскиот погон, а го имаше и официјалното деби. Се наметнува сериозно кај шефот на стручниот штаб Милан Илиевски и пред него е светла иднина“, велат од клубот од Дебар Маало.

Scroll to Top