Top Sport

Флури сензационална победничка во спуст, Софија Гоџа остана без медал

Швајцарската скијачка Јасмин Флури е победничка на трката во спуст на Светското првенство во алпско скијање која се одржа во францускиот ски-центар Куршевел. Таа до победата стигна со време од 1:28.03 минута, што беше за само четири стотинки подобро од Австријката, Нина Ортлајб, која го освои второто место.

Третата позиција и припадна на уште една Швајцарка, Корин Сутер, која задоцнеше 12 стотинки зад победничката.

Најдобрата во светскиот куп и прва фаворитка, Италијанката Софија Гоџа, не успеа да стигне до медал откако остана без пласман по излетување од патеката.

Утре на програмата на Светското првенство во Куршевел е спустот во машка конкуренција.

Scroll to Top