ФК Работнички потврди дека капитенот, ветеранот Крсте Велкоски останува во клубот уште една година, откако лани се врати по долгогодишниот престој во Сараево.
35-годишниот поранешен македонски репрезентативец, по третпат е во дресот на „романтичарите“, каде што играше од 2006 до 2008 и од 2014 до 2016 година. Тој помина пет години во дресот на Сараево, каде што исто така ја носеше капитенската лента.