Top Sport

Работнички се засили со Мевљан Мурати од Шкендија

Македонскиот прволигаш Работнички го доведе Мевљан Мурати како ново засилување за новата сезона во шампионатот. Дефанзивецот доаѓа од редовите на Шкендија, потпиша двегодишен договор и треба да ја засили конкуренцијата во одбраната на „романтичарите“.

Мевљан Мурати е поранешен младински репрезентативец, член на „златната генерација“ на Македонија која во 2017 година учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.

29-годишниот фудбалер игра на позицијата десен бек, но може да одговори адекватно и на левата странична позиција.

Мурати минатата сезона одигра 24 натпревари во дресот на Шкендија, од кои 18 првенствени и шест европски мечеви, со вкупна минутажа од 1825 минути.

Scroll to Top