Top Sport

Работнички со голема победа во Чаир, Шкендија и Вардар со ремија

Работнички успеа да стигне до импресивна 2:0 победа на гостувањето кај Шкупи, резултат кој лидерот Шкендија не го исполни целосно одигрувајќи само 0:0 во тетовското дерби со Ренова, за да остане на +7 на врвот на табелата.

„Романтичарите“ работата со Шкупи ја завршија во првите десет минути од мечот, откако прво Кристијан Стојковски ги донесе во водство уште во првата минута, пред во деветтата минута Никола Прелчец да го постави конечниот резултат. Работнички останува на петтото место на табелата со 32 поени, само поен зад Струга, која одигра 1:1 кај Вардар.

ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО 

Беласица – Академија Пандев 0:0

Пелистер – Борец 1:0

Шкендија – Ренова 0:0

Шкупи – Работнички 0:2

Вардар – Струга 1:1

Табела: 1.Шкендија 47, 2.Шкупи 40, 3.Македонија ЃП 38, 4.Струга 33, 5.Работнички 32, 6.Борец 29, 7.Пелистер 28, 8.Вардар 27, 9.Силекс 23, 10.Ренова 23, 11.Академија Пандев 22, 12.Беласица 13.

Фото: ФК Работнички

Scroll to Top