Top Sport

Од мали ги учат! Луда хокеарска тепачка на 10-годишници во Русија

Хокејот на мраз и тепачките помеѓу хокеарите се долгогодишна „традиција“, меѓутоа во Русија ова доаѓа на ново ниво, откако се појави снимка на млади родени во 2011 како влегуваат во пресметка на мечот помеѓу Јужен Урал и Сармати.

„Војната“ се случила на 5 март на мечот во Пригородни, во близината на Оренбург и стана „хит“ на социјалните мрежи откако еден родител решил да ја сподели на Интернет. Тепачката се смирува дури кога тренерите и судиите влегуваат во игра.

Снимката се појавува само еден месец по едно контроверзно видео во кое се гледа како младите хокеари ги учат на тепачки.

Scroll to Top