Работнички и Струга Трим Лум одиграа одличен меч на комплексот на ФФМ. Квалитетот на фудбалот на завидно ниво, посебно во второто полувреме кога беа постигнати и двата гола. Николче Шаркоски донесе водство за Работнички, а само четири минути подоцна израмни Буњамин Шабани.
Работнички го сопре лидерот, но Струга Трим Лум и понатаму е на првата позиција, откако и Шкендија ремизираше (1:1) против Академија Пандев.
Возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија продолжуваат следниот викенд.
Фото: Игор Паневски