Top Sport

Раде Круниќ од Милан го скрши стапалото, го чека долга пауза

Фудбалерот на Милан, 26-годишниот Раде Круниќ доживеа голем пех. Скрши коска во стапалото, токму во моментите кога почна постандардно да игра во првата екипа на „росонерите“. Играчот од средниот ред минатото лето на „Сан Сиро“ дојде од Емполи.

Лекарскиот тим на Милан веднаш започна со терапијата, а дури по еден месец ќе биде познато до кога ќе биде подложен на терапија

Круниќ за 8 милиони евра дојде во Милан, а досега одигра за „црвено-црните“ 11 меча, на кои забележа една асистенција.

За селекцијата на БиХ има 13 настапи.

Scroll to Top