Top Sport

Вдовицата на Коби ја учи најмалата ќерка да оди (видео)

Вдовицата на трагично загинатиот Коби Брајант, Ванеса на социјалните мрежи објави снимка со својата ќерка Коко која проодува, а описот на снимката ги разнежни фановите:

„Мојата Коко, изгледа баш како Џици со очите на својот татко“.

Коко, чие полно име е Капри Коби е најмладата ќерка на кошаркарот, родена пред само 7 месеци.

Фановите коментираат дека малата Коко има многу сличности со сестрата Џиџи, но и со татко си.

Џиџи и Коби загинаа во хеликоптерската несреќа на 26 јануари, а по само три дена Ванеса го запре молкот и објави семејна фотографија на Инстаграм.

„Моите девојчиња и јас сакаме да се заблагодариме на милионите кои ни искажаа поддршка и љубов во овие страшни моменти“ нашиша Ванеса Брајант (37) на социјалната мрежа.
https://www.instagram.com/p/B8UK5TmjmDp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B77K8XWDY7O/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B5ZnVXfjW66/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Scroll to Top