Top Sport

Заморано: Очекувам да видам двајца Чилеанци идната сезона во Интер

Поранешниот фудбалски ас на Интер, Чилеанецот Иван Заморано кој пет сезони беше дел од „нероазурите“ најавува доаѓање на уште еден негов сонародник идната сезона на „Џузепе Меаца“.

„Санчез не можеше да игра во Манчестер, што значи дека не стигна во најдобра форма. Би сакал Алексис да остане во Милано, затоа што од јуни ќе има уште еден сонародник крај себе. Оптимист сум, гледам двајца Чилеанци во Интер наредната сезона, имам привилегирани информации по тоа прашање. Сите знаеме што Видал претставува за Конте, сигурен сум дека Интер ќе успее во јуни да го доведе од Барселона“ – вели Заморано.

Видал има договор уште една ипол година со Каталонците, но делува дека на лето ќе „раскине“ со Барса и ќе се врати во Серија А.

Scroll to Top