Водечкиот спортски весник во Шпанија „Марка“ денешната насловна страница му ја посвети на Радомир Антиќ. Српскиот тренер вчера почина во Мадрид. Тој е единствениот тренер што имал можност да ги предводи трите најголеми шпански тимови Атлетико, Реал и Барселона.
Главниот текст ги потенцира фудбалерите кои за чии подем е заслужен Антиќ. Тројца се од Атлетико, по еден од Реал и Барселона.
Милинко Пантиќ на инсистирање на Антиќ за само 450.000 евра пристигна во Атлетико од Паниониос. Подоцна тој беше клучниот играч во походот на двојната круна која „јорганџиите“ ја освоија во сезоната 1995/1996.
Дел од таа славна генерација беше и голманот Хосе Фарнциско Молина. Антиќ од него направи либеро поради одличната техника Молина делуваше како трет централен дефанзивец. Оваа тактика е неизбежна во денешниот фудбал.
Во Атлетико Антиќ го извлече најдоброто и од Хозе Луис Перес Каминеро. Третата сезона во Атлетико, прва под водство на Антиќ е најдобра во кариерата на Каминеро. Во походот на двојната круна одиграл 37 натпревари, постигнал девет гола.
Додека бил во Реал Антиќ успеа да го претвори Фернандо Јеро во гол-машина. Во сезоната кога играл под водство на Антиќ дефанзивецот Јеро постигнал 21 гол.
Радомир Антиќ во 2003 година беше промовиран во тренер на Барселона. Му дал шанса на Чави Ернандес. Кај него Чави започна да игра поблиску до голот на противникот, а не како последен човек во редот за врска. Чави во тој период изјавил дека има важна улога во тимот, бидејќи често ги има клучните додавања.