Еден од најдобрите српски фудбалски тренери, Радомир Антиќ кој почина на 6. април минатата година во петок, на 16. јули ќе биде погребан во родниот град Ужице. Посмртните останки, урната на Антиќ, на
популарниот „Мистер“ стигнала во Србија, ја донел неговиот син Душан, па предвидено е да се организира и комеморација, пишуваат српските медиуми.
Антиќ, кој беше селектор на Србија, е единствениот фудбалски стручњак кој бил на клупата на трите големи шпански фудбалски колективи – Барселона, Реал и Атлетико Мадрид.
Атлетико, клубот со кој Антиќ во 1996 година ја освои дуплата круна. во два наврати се прости од тренерот, а според информациите, легендарниот српски стручњак почест ќе добие и на „Сантијаго Бернабеу“.