Позната е причината за смртта на познатиот српски тренер Радомир Антиќ. Единствениот тренер што ги предводел Атлетико, Реал и Барселона почина вчера во Мадрид во 72 година од животот.
Шпанските медиуми објавија дека Антиќ починал од панкреатитис во клиниката „Рубер“ во Мадрид. „Ел Конфидесиал“ пишува дека Антиќ неколку години имал проблеми со панкреасот и црниот дроб.
Од тренерот на социјалните мрежи се простија неговите поранешни клубови Атлетико, Реал и Барселона, многу шпански фудбалери меѓу кои Икер Касилјас и Серхио Рамос, репрезентативците на Србија кои под команда на Антиќ играа на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година, челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија, фудбалските клубови Партизан и Црвена звезда…