Top Sport

Рафа Надал би сакал да стане претседател на Реал Мадрид

Шпанската тениска легенда, Рафаел Надал признава дека би сакал да го наследи Флорентино Перез како претседател на Реал Мадрид еден ден, но додава дека не е сигурен дека ги исполнува критериумите за позицијата.

22-кратниот гренд слем шампион е огромен фан на „кралевите“ и почесен член (иако неговиот чичко беше фудбалер на Барселона), и е надвор од тениските терени од јануари поради повреда на колкот, по што откри дека ќе се повлече во 2024 година. 76-годишниот Перез е претседател на Реал од 2009 година, а претходно беше на чело на клубот и од 2000 до 2006 година.

„Секако дека би сакал да бидам претседател. Но, има многу работи за да се оствари тоа. Сега, немаме што да зборуваме бидејќи клубот го има најдобриот можен претседател. Не знам што носи иднината, животот носи многу неочекувани ситуации. Треба да знам дали сум квалификуван за таква работа, бидејќи ги знам сопствените ограничувања. Времето ќе покаже. Не сум зборувал со претседателот Перез за тоа“, вели Надал во интервју за „Мовистар“.

Статутот на Мадрид има строги критериуми за претседателското место, вклучувајќи го и членството во клубот од 20 години, шпанска националност и лична гаранција на 15 отсто од годишниот буџет на клубот. Надал е почесен члеен од 2011 година, а финансиите, сигурно не му се проблм.

Scroll to Top