Милан се врати во победнички ритам во Серија А откако го совлада Лече на „Сан Сиро“ со 2:0. Актуелниот шампион сега има 56 бода и се наоѓа на петтата позиција на табелата во трката за пласман во Лигата на шампионите.
Португалскиот ас Рафаел Леао беше двоен стрелец за Милан на овој меч. Тој го постигна првиот гол во 40.минута, а потоа уште еднаш се запиша меѓу стрелците со погодокот во 75.минута од дуелот.