Top Sport

Рафаел Леао, сепак, не е посериозно повреден

Португалската ѕвезда Рафаел Леао, кој поради повреда многу рано го напушти денешниот натпревар против Лацио (2:0), сепак, можеби и ќе биде способен за настап на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер. Дуелот следи за четири дена, а позитивните тонови доаѓаат од тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли.

„Го видов Леао по мечот и ми делуваше добро. Ако се опорави и биде подготвен, секако дека ќе игра против Интер. Доколку не биде во можност, тогаш ќе се обидеме да го дадеме надоброто од себе и без него“, изјави Пиоли по триумфот над Лацио.

Португалецот денеска го напушти натпреварот во 11.минута, а на негово место во игра влезе Алексис Салемакерс.

Scroll to Top