Top Sport

Рафиња ја „крена“ Барса над Севилја, сега имаат 8 поени предност!

Барселона полека станува главен фаворит за титулата во шпанската Ла лига, откако го искористија денешниот „кикс“ на Реал Мадрид и поразот од 1:0 од Мајорка, за да стигнат до убедлива 3:0 победа над Севилја и да се одвојат на осум поени од лутите ривали на врвот на табелата.

Мечот на „Ноу Камп“ не започна најдобро за Чави Ернандез, кога по само осум минути игра, Серхио Бускетс мораше да излезе од игра поради повреда. Севилја, со серија од две победи под водство на Хорхе Сампаоли беше израмнет противник во првото полувреме, пред да им се случи „колапс“ во вторите 45 минути.

Ветеранот Жорди Алба во 58. минута успеа да го совлада Боно со убав удар, за потоа на сцена да стапи Рафиња. Бразилецот прво му асистираше на Гави во 70. минута, за девет минути подоцна да зголеми на 3:0.

Со победата, Барса има 53 поени на првото место на табелата, пред Мадрид со 45, додека Реал Сосиедад се трети со 39 поени. Севилја остануваат 16-ти со 21 поен, два над зоната за испаѓање.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top