Top Sport

Рафиња пак драматизираше кога беше заменет: Не сакам кога не сум на теренот

Ѕвездата на Барселона, Рафиња повторно не успеа да ја скрие својата фрустрација откако беше заменет од Чави Ернандез во финишот на ремито без голови против Хетафе.

Тој гестикулираше луто кон клубата, а потоа седна лут на тревата. Ова не е првпат тој да се однесува наваков начин, откако исто така против Хетафе на „Ноу Камп“ оваа сезона се лутеше поради истата причина, а кога беше заменет против Манчестер јунајтед во Лига Европа удри со рака столче и се повреди. Против Хетафе тој беше прогласен за најдобар играч на мечот, бидејќи во првото полувреме ја погоди стативата.

„Тешко е бидејќи сакам да сум на теренот и да помогнам тимот да победува. Ни беше потребен гол и мислам дека е нормално да ја чувствуваш таа лутина. Секогаш сакам да продолжам“, изјави Рафиња по мечот со Хетафе.

Рафиња пристигна во Барселона од Лидс јунајтед и иако имаше убав старт, призна дека му е тешко да се навикне на играта на „Ноу Камп“, иако има 9 гола и 7 асистенции досега.

Scroll to Top