Рајо Ваљекано, со пресврт на „Ваљекас“, ја победија Осасуна со 2:1 во 32.коло, во Примера.
Екипата на голманот Столе Димитиревски, победи по пресврт бидејќи Осасуна поведе по 29. минута од натпреварот, со голот на Мои Гомез.
Одговорот на Рајо Ваљекано се чекаше до 80. минута, кога Пеп Чаварија постигна гол за израмнување, а само четири минути подцна пресвртот, со извонреден гол го комплетираше Иси Палазон.
Рајо по седмата победа во сезоната, остана на 14.место со 34 бода, Осасуна има пет повеќе и се наоѓа на 11.место.