Top Sport

Рајо на Димитриевски во „слободен“ пад – четврт пораз во пет меча

Столе Димитриевски трипати ја вадеше топката од сопствената мрежа за Рајо Валјекано да загуби со 0:3 од Осасуна во меч од 24. коло во шпанската Ла лига, за едно од најголемите изненадувања во Шпанија оваа сезона да влезе во мини-криза со четрврт пораз во последните пет меча.

Јон Монкалоја го донесе баскискиот клуб во водство уште во осмата минута, пред Рубен Гарсија во 40. минута да зголеми на 0:2. Тешкиот пораз го потврди Кике Гарсија во 91. минута од мечот.

Рајо падна на 11. место на табелата со 31 поен, а Осасуна сега се деветти со 32 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top