Top Sport

Сити го „сомле“ Норич и се врати на +12 пред Ливерпул

Манчестер сити стигна до рутинска 0:4 победа на гостувањето кај Норич за да се врати на 12 поени предност во Премиерлигата пред Ливерпул (кои сепак имаат два натпревари помалку).

Рахим Стерлинг во 31. минута ги донесе гостите во водство, пред во второто полувреме тимот на Пеп Гвардиола да не го испушти водството – Фил Фоден во 48. минута зголеми на 2:0, пред Рахим Стерлинг да го комплетира хет-трикот, прво со гол во 70. минута, а потоа во 91. минута од мечот со удар од белата точка, откако првиот обид му беше одбранет.

Манчестер сити сега имаат 63 поени од 25 натпревари пред Ливерпул со 51 од 23 меча (утре гостуваат кај Барнли), додека Норич остануваат во опасната зона на 18 место со 17 поени, еден помалку од Њукасл.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top