Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард е понуден на Милан, откако го ангажираше како агент контроверзниот Мино Рајола.
Лингард му се приклучи на соиграчот Пол Погба под „закрилата“ на Рајола, и според „Спорт Италија“, италијанскиот супер-менаџер веднаш почнал со преговори со Милан, уште еден клуб со врски со Рајола.
27-годишниот Лингард е во катастрофална форма оваа сезона со само 9 старта во Премиер лигата, и е под голем притисок од фановите и од менаџерот Оле Гунар Солскјер. Лингард ја помина целата календарска година 2019 без гол и асистенција во Премиер лигата, што е зачудувачки за фудбалер кој е концентриран во нападот.
На „росонерите“ им оди уште послабо од на „ѓаволите“, и поранешните европски гиганти се само 12. во лигата. Доколку се случи овој трансфер, Лингард ќе се приклучи на своите поранешни соиграчи Ромелу Лукаку, Алексис Санчез и Крис Смолинг, кои минатото лето заминаа во Серија А.
#WhatsApp Come promesso, eccomi comunicare il nome del giocatore di cui vi parlavo oggi. Si tratta del neo acquisto della scuderia #Raiola, #JesseLingard. Giocatore in uscita dallo #United, proposto al #Milan nelle scorse ore. #calciomercato https://t.co/IhZfGxxCWP pic.twitter.com/h5TkYSUlKr
— Milanista NonEvoluto – Alessandro Jacobone (@NonEvoluto) January 6, 2020