Ерик Халанд сам избрал да го одбие Манчестер јунајтед и ја избрал Борусија Дортмунд, тврди Мино Рајола отфрлајќи ги наводите на англиските медиуми дека „ѓаволите“ се откажале од договорот поради барањата за процент од следните продажби на 19-годишниот напаѓач.
„Клубот кој имаше најмногу директни контакти со него беше Јунајтед. Тие најмногу зборуваа, а сите добија шанса да го видат. Го дозволивме тоа, бидејќи тој се познаваше со Оле Гунар Солскјер. Но, јасно беше дека мислеше дека тоа не е витински чекор во неговата кариера. Ништо против Јунајтед или Оле. Тој ја избра Борусија и среќен сум бидејќи оди во клуб каде што најдобро ќе се вклопи. Ако сакаше да оди во Манчестер јунајтед, тогаш ќе го договоревме тоа. Можеби на 19 години не сакаш да одиш во Премиер лигата. Економски, понудата беше добра. Немаше несогласувања со Ед Вудвард, туку само обично преговарање. Ако сакаат да обвинат некого, нека ме обвинуваат мене, важно фудбалерот е среќен“, вели Рајола во интервју за „Телеграф“.
Мино Рајола „најзаслужен“ што Халанд не отиде во Јунајтед или Јувентус