Контроверзниот супер-агент Мино Рајола, тврди дека не е во „војна“ со Борусија Дортмунд околу Ерлинг Халанд, но не се согласува со нивниот став дека Норвежанецот не е на продажба ова лето.
Фантастичната форма на норвешката гол-машина предизвика огромен интерес кај најголемите европски клубови, а самиот Рајола ја вжешти атмосферата, откако со таткото на Халанд, Алф-Инге беа во посета на Реал Мадрид и Барселона за да ја „тестираат“ атмосферата. Шпекулациите велат дека Рајола сака да го направи Халанд првиот фудбалер кој ќе заработува милион евра неделно, но Дортмунд тврдат дека тој не е на продажба.
„Можам да потврдам дека бев во Дортмунд на разговори, а спортскиот директор Михаел Цорк ни кажа дека не сакаат да го продадат Ерлинг ова лето. Го почитувам тој став, но не значи дека се согласувам. БВБ беа јасни со својот став и не постои ниакаква војна меѓу нас“, вели Рајола за „Спорт ајнц“.