Супер-агентот, Мино Рајола веќе се сретнал со првите луѓе на Милан, и иако главната тема бил новиот договор за Џакомо Бонавентура, поинтересна била темата за враќањето на Златан Ибрахимовиќ во клубот.
Рајола имаше лоши односи со претходната управа на Милан под кинеско водство, но работите се подобрија откако Леонардо и Паоло Малдини станаа директори. Според „Калчомеркато“, Рајола сака двегодишно продолжување на договорот за Џек Бонавентура со зголемена плата, а ја отворил и можноста Ибрахимовиќ да дојде во клубот веќе во јануари.
Шведската ѕвезда во моментов игра во МЛС лигата за клубот Лос Анџелес галакси, а Рајола сакал да се гарантира дека ветеранот ќе добие стартна позиција во клубот, што е поважно од платата, бидејќи нормално, Златан не сака да биде играч на клупата.