Барселона се врати на победите во Ла лига, враќајќи се барем привремено на првото место во Ла лига, откако Иван Ракитиќ донесе 1:0 победа за Каталонците над Атлетик Билбао.
Мечот беше решен во последните 15 минути, откако Ракитиќ по една мешаница пред голот на Билбао во 71. минута, остана смирен и ја смести топката во мрежата, само седум минути откако влезе во игра. За Хрватот, кого честопати го поврзуваат со заминување од Каталонија, ова е јубилеен 50. гол во Ла лига, но само прв гол оваа сезона.
Со трите поени, Барса се врати на првото место на табелата со 68 поени, три повеќе од Реал Мадрид, кои утре играат со Мајорка. Атлетик, пак, се само 10. со 42 поени.
Lionel Messi is at it again! ?
Ivan Rakitic buries Messi's pass to complete his 250th assist while playing for Barcelona (-345).pic.twitter.com/yUgImFpJHi
— The Action Network (@ActionNetworkHQ) June 23, 2020