Top Sport

Ракитиќ е импресиониран од Ансу Фати

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ бил импресиониран од младиот соиграч Ансу Фати. Барселона синоќа го победи Леганес со 2:0, а првиот гол на мечот го постигна Фати.

„Импресивен е натеренот. Неговиот гол ни ја олесни работата. Сега само треба да продолжи да работи и да има трпение“, рекол Ракитиќ.

17 годишниот Фати оваа сезона веќе има постигнато шест гола за Барселона. Тој е најмладиот стрелец во историјата на Примера и најмладиот играч кој постигнал два гола на еден меч во шпанското првенство.

Барселона по победата над Леганес има пет поени повеќе од Реал. Тимот на Зинедин Зидан вечерва ќе го одигра својот натпревар од 29 коло, противник ќе му биде Валенсија.

Scroll to Top