Top Sport

Ракитиќ им даде гол на Динамо, па се извинуваше кај „Бед блу бојс“

Севилја стигна до рано водство против Динамо Загреб во првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа, а иронично стрелец беше поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ.

Иако имаа одличен почеток со иницијатива, „модрите“ дојдоа во негатива во 13. минита кога голманот Ливаковиќ го собори Папу Гомез во шестнаесетникот, а Ракитиќ беше прецизен од белата точка. Сепак, немаше лудо славје туку само гест на извинување кон малубројните „Бед блу бојс“ на трибините.

Scroll to Top